Стартува новата авиолинија од Париз до Скопје на компанијата „Изиџет“
- На Меѓународниот аеродром во Скопје утринава ќе слета авион на нискобуџетната компанија „Изиџет“ со што официјално ќе биде означен почетокот на новата авиолинија од аеродромот „Орли“ кој се наоѓа на дваесетина километри од центарот на Париз.
Од ТАВ Македонија велат дека со оваа нова авиолинија, патниците на скопскиот аеродром ќе имаат бенефит да патуваат на еден од најфреквентните аеродроми во Франција кој нуди бројни домашни и европски летови.
„Изи џет“ влезе на македонскиот пазар во ноември 2021 година.
Покрај „Изиџет“, авиолинија од Скопје до францускиот главен град опслужува и авиокомпанијата „Визер“ до аеродромот „Бове“ оддалечен 90-тина километри од Париз.
Со летниот распоред на летање што стапи во сила викендов, од Скопскиот аеродром оперираат 16 авиокомпании до 47 редовни дестинации, а три сообраќаат со 10 чартер летови.
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека