ССМ: Вработени во ЈП Водовод и канализација Скопје загрижени за својата безбедност
Загрижени вработени од скопскиот водовод денеска побараа помош од Сојузот на синдикати на Македонија – ССМ и СУТКОЗ како репрезентативен Синдикат во комуналните дејности дека после јавно објавените документи дека нивниот в.д. директор е насилник, осудуван со затворска казна, може да ги нападне на нивните работни места, посебно сега кога донесе незаконски решенија за прераспоредувања за кои и државните Трудов и Управен инспекторат побараа нивно поништување, а Управниот одбор на ЈП Водовод и канализација ги поништи.
Сојузот на синдикати на Македонија ја повикува и бара од градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, додека трае постапката за разрешување на човекот за кој има докази дека со нож нападнал друг човек, да ја задолжи службата за обезбедување да ги обезбедува вработените во Јавното претпријатие и за предострожност да го претресува в.д. директорот поради можноста да носи ладно оружје и поради неговата психичка состојба.
Вработените во водовод кои максимално и пожртвувано се вложуваат и овозможуваат скопјани непрекинато да го остваруват своето основно човеково право, а тоа е пристап до вода и живот во чиста околина, заслужуваат пристојна и безбедна работа.
Работниците и синдикатите прашуваат кој ќе биде одговорен доколку се случи нешто, дали Градоначалничката на Град Скопје, Арсовска ја презема целокупната одговорност поради тоа што поставувањето на в.д директорот е нејзино решение.
Сојуз на синдикати на Македонија
Ново на Сител
-
Вучиќ: Можете да ме убиете, но нема да има преодна или експертска влада
-
Уапсен 23-годишник од Дебар, управувал со возило без возачка дозвола и бил под дејство на алкохол
-
17 годишен скопјанец тешко повреден откако бил нападнат на постојка во Центар
-
Тригодишно дете заболено со голема кашлица
-
Бојкот на продавници во БиХ поради високите цени на основните намирници
-
Мицкоски и Азески го поддржуваат бојкотот на маркетите, сметаат дека дијалогот е единствен излез од оваа ситуација
-
Бислимоски: Наскоро нов пристап за набавка на електрична енергија за државните непрофитни институции
-
Се заканувале со остар предмет и ги земале парите од дневниот промет - приведени двајца разбојници во Куманово