ССМ ќе го одбележи Светскиот ден на пристојната работа
Сојузот на синдикати на Македонија со низа активности ќе го одбележи 7 Октомври - Денот на пристојна работа.
Планирано е да се одржат промоции, семинари и тркалезни маси посветени на значењето на пристојната работа, сигурните работни места и социјалната сигурност.
- Денес соочени со економски кризи и со опасноста од глобализацијата на капиталот, корпоративната алчност на компаниите и нерамноправната распределба на добивката, ќе го мобилизираме своето членство за остварување на правото на колективно преговарање и синдикално организирање, за сигурни работни места и достоинствени плати, социјална заштита за сите, остварување на темелните човекови права, демократија и социјална правда, безбедни услови при работа, заштита на посебната категорија работници, жени, лица со посебни потреби и здрава животна средина. ССМ и оваа година посветено ќе работи на остварување на Националната програма за пристојна работа 2015-2020, се наведува во соопштението од ССМ.
Според претседателот на ССМ, Живко Митревски, достоинствената работа мора да се заснова врз верувањето дека секое современо општество треба да обезбедува нови вработувања, социјален напредок и развој, достоинствен живот, еднаков третман и еднакви можности за сите за продуктивна работа и личен и општествен развој проследен со достоинствено платен труд и социјална и материјална егзистенција.
Идејата и концептот за пристојна работа произлегуваат од Меѓународната организација на трудот, промовирани во 1999 година, на 87. Меѓународна конференција на трудот. Идејата за пристојна работа е прифатена на Светскиот самит на Обединетите нации во 2005 година, а потоа и од Економско-социјалниот совет на Обединетите нации (ЕЦОСОЦ) во 2006 година. На Светскиот социјален форум одржан во Најроби е покрената кампања „Пристојна работа, достоинствен живот“ и 7 Октомври е погласен како Светски ден за пристојна работа.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата