Loading Video...
Свет
24. јуни 2024 - 20:32

Преглед на вестите од светот

Привршуваат интензивните  борби против Хамас во Појасот Газа но војната ќе продолжи се додека таа милитантна група не ја изгуби контролата врз енклавата објави израелскиот премиер. Откако ќе завриши фазата на интензините борви во Газа, Нетањаху информираше дека дел од војската ќе се премести на границата со Либан, каде што ескалираат борбите со Хезболах.

- По завршувањето на интензивната фаза, ќе имаме можност да преместиме дел од силите на север. И ќе го направиме тоа. Прво и основно за одбранбени цели. И второ, да ги вратиме нашите евакуирани жители дома. Ако можеме, ќе го направиме тоа дипломатски ако не, ќе го направиме на друг начин, но ќе ги донесеме сите жители  дома, сите жители на северот, како и жителите на југот, порача Нетањаху.

Израелската војска  и милитантите на Хезболах рамезнуваат  оган од 8 –ми октомври лани, ден по избувнувањето  на војната помеѓу Изарел и Хамас. Шефот на Хезболах порача дека ќе  запрат со нападите на израелска територија, кога Тел Авив ќе ја прекине војната во Газа. 

Најмалку 22 работници  загинаа во пожар во фабрика за литиумски батерии во  близина на главниот град на Јужна Кореја, Сеул. Пожарот избувнал  утрово кога батериите експлодирале додека работниците ги прегледувале и пакувале на подот на фабриката..Што ја предивикало експлозијата останува нејасно. Повеќе од жртвите се кинески државјани.  

,,Навистина е тажно што странските работници дојдоа овде да заработат пари. Ќе беше одлично ако преживеат, заработија пари и добро живееа со своите семејства по враќањето во нивниот роден град. Се чувствувам навистина лошо“.

Деветнаесет лица  загинааа во вчерашните координари напади  во Дербент и во Махачкала во руската севернокавкаска република Дагестан.Убиени се и шест напаѓачи. Руските власти објавија дека ги идентификувале но повеке детали не дадоа. Мети беа  полициска станица, синагога и  две православни цркви, при што загинаа 15 полицајци, еден  свештеник и двајца цивили. 

Во Дагестан од денеска е прогласена тридневна жалост. Ден на жалост и на полуостровот Крим анектиран од Русија по вчерашниот  украински  напад  врз Севастопол во кој најмалку 4 лица загинаа а над 120 беа повредени.Според Русија, Соединетите држави се одоговорни за  нападот. Украинската војска нападна со ракети Атакмс, испорачни од Вашингтон   истакна портпаролот на Кремљ, Песков.