Бизнис
24. јуни 2024 - 14:31

Нова промена на цените на горивата од полноќ

Од полноќ поскапуваат горивата од 1,5 до 2,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. 

Цената на Еуросупер БС-95 се зголемува за 1,5 денари за литар и тој ќе се продава по цена од 82,5 денари за литар.

За два денари поскапуваат и Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство, а за 2,5 денари дизелот. 

Согласно одлуката на РКЕ, новата цена на Еуросупер БС-98 ќе биде 85 денари за литар, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство 75 денари за литар. Новата цена на дизелот ќе биде 76,50 денари за литар.

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 1,040 ден/кг кој од полноќ ќе се продава по цена од 
46,720 ден/кг.

Ново на Сител