Српската опозиција на протестот побара оставка на раководството на РТС
Најголемите српски опозициски партии и движења синоќа одржаа протест пред зградата на радио-телевизија Србија, барајќи оставки на раководството на јавниот сервис- на директорот на РТС Драган Бујошевиќ, од претседателот на УО Владимир Вулетиќ и од уредникот на информативната програма Ненад Љ. Стефановиќ.
На протестот на кој учествува повеќе стотици граѓани, побарано е и почитување на медиумските стандарди и закони како и избалансиран третман на сите политички партии во известувањето.
Протестот траеше околу еден час.
На протестот пред зградат на РТС беа лидерите на 13 опзициски партии и движења, кандидати за градоначалник за Белград и познати јавни личност- Драган Ѓилас, Саша Јанковиќ, Борис Тадиќ, Зоран Живковиќ, Драган Шутановац, Вук Јеремиќ, Борко Стефановиќ, Јанко Веселиновиќ, Санда Рашковиќ Ивиќ, Дуда Ивковиќ, Србијанка Турајлиќ, Синиша Ковачевиќ.....
Поранешниот новинар на РТС, Раде Радовановиќ, кој се обрати на присутните, изјави дека РТС повеќе не е јавен сервис.
- Оваа куќа веќе не е јавен сервис, ниту е државна телевизија. Тие се претворија во радио-телевизиски разглас на Александар Вучиќ, рече Радовановиќ.
Драмскиот писател Синиша Ковачевиќ изјави дека РТС треба да биде „првата одбрана на демократијата и куќа на вечните трагачи за вистината" и додаде дека во актуелното раководство на РТС, се оние кои дипломите ги имаат стекнато на универзитетот "каде што главниот предмет е послушност".
Претставници на 13 опозициски партии и движења потпишаа договор за соработка за контрола на изборите, со цел за заштита изборната воља на граѓаните, меѓу кои беше и барање за средба со надлежните во РТС заради континуирано кршење на законот и блокирање на опозицијата на јавниот сервис.
На 4 март во Србија ќе се одржат избори за Собранието на град Белград и за општините Бор и Аранѓеловац.
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора