Средба на Груевски со чешкиот министер за надворешни работи Заоралек
Актуелните политички случувања во Република Македонија, исполнувањето на стратешките определби поврзани со интегративните процеси, како и можноста за унапредување на соработката помеѓу двете држави беа тема на разговор на денешната средба на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со министерот за надворешни работи на Чешката Република, Лубомир Заоралек.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, информираат од партијата, ја афирмираше определбата за организирање фер, слободни и демократски избори, во согласност со утврдените рокови прецизирани со изборниот законик.
- Груевски истакна дека врвен интерес на ВМРО-ДПМНЕ е изборите да поминат мирно и во демократска атмосфера и дека тие се клучни во надминување на наметната политичка криза. Се заблагодари за поддршката од Чешката Република во поглед на остварувањето на евроатланските интегративни процеси на државата, посочувајќи дека тие ќе продолжат да бидат врвна стратешка определба, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Министерот за надворешни работи на Чешката Република Заоралек ја истакна важноста од поскоро одржување на изборите како начин за премостување на политичката криза.
Тој посочи дека на Република Македонија, но и на европските партнери им е потребна стабилна влада која ќе може да се соочи со глобалниот предизвик на мигрантската криза, како и продолжување на процесите важни за Република Македонија. Истакна дека за продолжување на економскиот развој и на започнатиот прогрес во оваа сфера клучно е воспоставување на стабилна влада, која треба да се добие на избори.
Ново на Сител
-
Сашко Коцев: Беа во цивилка, не знаев дека се полицајци
-
Сашко Коцев не застанал на полиција, удрил во полицаец па избегал
-
Најмалку 18 повредени во автобуска несреќа во Белград
-
Владата ги одобри 250-те милиони евра за бизнис секторот, на потег банките и компаниите
-
Безживотно тело извлечено од Вардар
-
На социјалните мрежи повици за бојкот на маркетите вo петок поради високите цени на прехранбените производи
-
Орце Ѓорѓиевски: За 100 проценти се зголемува помошта за новороденчиња во Кисела Вода
-
Познатата Селена Гомез со драматично видео против имиграциската политика на САД