Бојкот на маркетите во петок, поради високите цени
По примерот на Хрватска и македонските граѓани повикуваат на бојкот. Во петок никој да не влегува во маркет, бидејќи трговците секој ден ги зголемуваат цените. Иницијатавита се покрена на социјалните мрежи, но ја поддржаа и власта и опозицијата. Дел од маркетите нечовечки ги покачуваат цените и дирекно учестуваат за порастот на сиромаштијата, богатејќи се на грбот на граѓаните, преку уцена и монопол и општесвено неодговорен однос, велат од ВМРО.
И премиерот Мицкоски има сознанија за вакви постапки на одредни трговци, и затоа го поддржува бојокотот.
-Имам сознанија за однесувањето на поедници, кои на шпекулативен начин се обидуаат да генерираат високи профити, изјави премиерот Христијан Мицкоски. ,
Од СДСМ пак ја обвинуваат власта дека не ги заштитила граѓаните против растечките цени и не ги прифатила нивните конкерни предлози кои ќе го спречат поскапувањето.
-Неспособноста и немањето желба на Мицкоски да се справи со ненормалниот раст на цените, лажните ПР кампањи за кошничките и негрижата за граѓаните, доведуваат до тоа граѓаните сами да се справуваат со проблемот, изјави Богданка Кузевска, СДСМ
Со вакви цени тешко се поминува месецот, велат граѓаните. Би се приклучите и тие на иницијативата за бојкот, иако дел од нив сметаат дека потребни се долгорочни решенија за да се спречи богатењето на трговците
Минатиот петок, поради бојкот, хрватските маркети останаа празни и сега има иницијатива бојкот да трае подолго, односно неколку дена. Примерот на Хрватска ќе го следат и граѓаните во Босна и Херцеговина и Црна Гора, бидејќи цените на храната и кај нив постојано растат.
Дали трговците го изигруват законот за нефер трговски практики и на прозивдоителите и добавувачите им доставуваат нови специјални договори, каде им бараат долопнителен рабат од 30 осто, лично ќе проверува и премиерот.
Дел од маркетите веќе се проверуваат и од Комисијата за заштита на конкуренцијата. Ако се утврдат вакви злоупотреби, ќе заработат казна од 20 илјади евра.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар