Македонија
7. March 2018 - 18:11

Средба Димитров – Могерини во Брисел

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се сретна со високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини. Од кабинетот на министерот е соопштено дека станало збор за стабилноста на регионот и за европската интеграција на Македонија.

- Македонија се врати на европскиот пат, како со домашната реформска агенда, така и со влогот и решителноста за градење мостови и пријателство со соседите. Македонија денес е шанса, но и заедничка обврска со ЕУ, да покажеме дека не само што можеме да стопираме криза, туку и да создадеме неповратен успех - Република Македонија конечно да излезе од чекалната и да започне пристапни преговори со Унијата, изјави Димитров за МИА по средбата, јави дописникот на МИА од Брисел.