-->
-->
Србов: Кантонизација ќе води кон физичка поделба на Македонија
-->
Што може да значи тоа надградување на рамковниот договор? Тоа може само да значи федерализација или кантонизација на Р. Македонија, создавање на дводомен парламент, како што пред некое време во јавноста се слушна таква идеја, рече за ТВ Нова аналитичарот Никола Србов.
„Дводомен парламент, кантонизација, на балканските простори, познавајќи ја блиската историја води кон физичка поделба на државата Р. Македонија“, вели Србов.
Србов во гостувањето на ТВ Нова му постави и неколку прашања на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
„Јас навистина би сакал да го запрашам господинот Зоран Заев, бидејќи во истото тоа излагање, на тој собир кажуваше дека Македонците се виновни за сето она што го прават и нашите соседи.
- Дали Македонците се виновни за спорот кој Грција го води против Р. Македонија и тоа дека сакаат да исчезнеме ние како човечки суштества од оваа држава?
- Дали Македонците се одговорни што Р. Бугарија го негира нашето постоење и нашиот јазик исто како што сака да ги изнегира господинот Зоран Заев?
- Дали Македонците се виновни што Р. Србија не го дозволува нашето право да имаме сопствена црква?
- Дали Македонците се виновни што во 2001 година Македонија беше нападната од надвор со цел да се отцепат територии од нашата држава?
„Господинот Зоран Заев треба да биде свесен и да му биде јасно дека со ваквите изјави и со оваа политика која ја спроведува, тој гази низ сите оние жртви кои низ историјата го дале својот живот за Македонија. И на крајот, гази врз луѓето и семејствата кои се завија во црно во 2001 година, кои се бореа за да не се случува токму тоа што сега го нуди господинот Заев“, изјави Србов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протести во Ореовец
-
Почнаа дебатите за реформи на Судскиот совет, конечно решение се очекува до крајот на декември
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија