Македонија
25. May 2016 - 12:51

Спречена хаварија на Табановце, вагон цистерна испуштала плин

Рано утрово од 04.00 часот во прекин е железничкиот сообраќај на ЖС -  ГП Табановце.

Причина за прекинот на железничкиот сообраќај на тој дел од пругата е тоа што на ЖС Табановце од Р.Србија во Р.Македонија  влегол товарен воз со композиција од 16 вагони, од кои шест вагони се цистерни со плин, и од еден вагон цистерна забележано било дека испушта плин со што е загрозена безбедноста.