Предложен притвор за лице кое се обидело да запали албанско знаме

Основното јавно обвинителство Скопје повело постапка против 20-годишник кој вчера се обидел да запали албанско знаме.
Јавното обвинителството на Република Северна Македонија информира дека постои основано сомнение дека тој сторил кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 став 1 од Кривичниот законик.
-Осомничениот на 2 декември 2024 година, во вечерните часови, се обидел да запали албанско национално знаме, при што бил забележан и спречен од полициски службеници кои го привеле. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, соопшти државното Обвинителството.
Случајот е евидентиран и во дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи кое информира дека вчера во 23.10 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода К.К.(20) од Скопје.
-Тој бил затекнат при обид со запалка да запали знаме. Знамето и запалката биле одземени, а тој бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
Ново на Сител
-

Две лица, меѓу нив судски полицаец, под истрага за примање награда за противзаконито влијание
-

58-годишник од Скопје силувал 13-годишно девојче
-

Николоски: Автопатот Кичево - Охрид е веќе при крај
-

Обезбедени се 100 нови амбулантни возила за јавните здравствени установи низ државата
-

Трамп: Иран ќе даде понуда насочена кон исполнување на барањата на САД
-

Без струја во одредени периоди од денот делови од општините Студеничани, Карпош и Центар
-

Арагчи пристигна во Исламабад за да разговара за предлозите за обновување на мирот со САД
-

Лавров: САД го враќаат светот во ера кога немаше ниту меѓународно право ниту систем на меѓународни односи
