Спречен шверц на 29 килограми марихуана на Блаце
Царинските службеници на граничниот премин Блаце спречија обид за шверц на 29 килограми марихуана од страна на албански државјанин, кој со возило патувал за Германија.
Како што соопшти Царинската управа, синоќа околу 22:30 часот, на граничниот премин за влез во Република Македонија се пријавил Б.Г. (26), управувајќи патничко моторно возило со албански регистарски ознаки, во кое како сопатници патувале уште три лица сите од Албанија. Царинските инспектори од Одделението за оперативни работи – мобилни тимови го селектирале возилото за детален преглед откако се посомневале во изјавата на патниците дека немаат ништо да пријават за царинска контрола и дека патуваат за Германија.
- При контрола на возилото, во која било користено и царинско куче, царинските инспектори забележале одредени неправилности на подот од возилото. По отстранувањето на седиштата и теписонот од подот на возилото, забележале дека лимот е свежо обоен и дека по целата должина под подот од возилото има специјално направен бункер, наполнет со вкупно 29 пакетчиња со наркотична дрога марихуана со вкупна тежина од околу 29 килограми. Дрогата требало да биде однесена до Германија, а нејзината цена на западно - европскиот пазар би достигнала вредност од околу 120.000 евра, се наведува во соопштението од Царината.
Случајот е предаден на инспекторите од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, кои по собирање на сите докази, до надлежното Јавно обвинителство ќе поднесат кривична пријава против осомничениот Б.Г., поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекрусори“.
Изминатиот месец, царинските службеници во четири одвоени случаи заплениле речиси 65 килограми марихуана.
Ново на Сител
-
Денеска се празнува Св. великомаченик Мина
-
„Конзулката од Битола“- кукла робот во Градското шеталиште
-
Руско МНР: Ако Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор од Москва
-
Телото на исчезнатиот израелски рабин Зви Коган пронајдено во ОАЕ
-
Верстапен со Ред Бул ја освои својата четврта последователна светска титула во Формула 1
-
Вооружен маж застрелан, тројца полицајци повредени во пукање во близина на Израелската амбасада во Јордан
-
Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА
-
Бајден го нарече „историски“ договорот постигнат на КОП29