СПМ: Да се престане со преговорите и да се запре ова понижување
Социјалистичката партија на Македонија во врска со францускиот предлог што ќе биде доставен до Софија и до земјите членки на ЕУ излезе со свое соопштение во кое вели дека веднаш треба да се престане со преговори и да се запре понижувањето на македонскиот народ.
Францускиот предлог?
„Деновиве постојано се говори за францускиот предлог што ќе биде доставен до Софија и до земјите членки на ЕУ. Во тој предлог ќе се дадат насоки за иднината на Македонија и Албанија во процесот на проширување на Европската унија.
Во Македонија никој не се изјаснува што содржи тој предлог.
Претседателот на државата крајно неодговорно изјавува дека е тоа интерна работа на Унијата и дека тие не се запознати со предлогот. Министерот за надворешни работи без трунка совест изјавува дека не го знае предлогот, ама напоменува дека ќе ги следи препораките од него.
Од овие изјави заклучок е дека за претседателот и министерот тој предлог е како да се однесува за некои други држави од некоја друга планета.
Македонија нема дипломатија која однапред би требало да знае што и се подготвува на државата.
Оваа власт е целосно неспособна и е пропадната гарнитура која џабе добива плата од народните пари.
Таквите неспособни кадри треба веднаш да си одат зошто работат на штета на својата држава.
Досегашниот развој на настаните точно укажува дека Франција е против проширувањето на Европската унија. Тоа Макрон јасно и јавно го кажа и го повтори повеќе пати. Претседателот Макрон го блокираше почетокот на преговорите со ЕУ во 2019 година за Македонија и Албанија и оцени дека е потребен поголем напредок за овие држави во овој процес. Макрон предложи формирање „Европска политичка заедница“, во која треба да влезат и државите од Западен Балкан и други држави кои имаат аспирации за ЕУ но се далеку од исполнување на критериумите. Тој заедно со француските претставници секаде се противат на проширувањето на ЕУ и при тоа измислуваат нови и нови стапици и критериуми со кои се бара да се успори и одложи процесот, а и да биде реверзибилен и да почне од почеток ако некој тоа го бара во Унијата.
Срамно и понижувачко за секоја суверена држава.
Со сето тоа се задушува проширувањето на Унијата која го губи кредибилитетот во пошироки рамки.
Од францускиот предлог не би требало да се очекува ништо друго освен бугарските барања кои се империјални и фашистички да влезат во преговарачката рамка на Македонија за членство во Унијата.
Тоа значи бугаризирање на македонците и непризнавање на јазикот, идентитетот и откажување од се што е македонско ...
Македонските социјалисти ценат дека треба ведаш да се престане со преговорите и да се запре ова понижување.
Предлог на Макрон ги гуши шансите за било каков напредок и промени за Македонија.
Македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија нема да дозволат бескрајно понижуваење, потценување и поигрување со нивната иднина, за што најголемиот виновник е однародената и предавбичка власт.
Се ништи европската иднина на Македонија, а тоа значи крај на надежите и потреба за носење на здраворазумски обмислени одлуки“ се вели во соопштението на Социјалистичката партија на Македонија.
Ново на Сител
-
ОЈО Скопје ќе бара од МВР распишување национална потерница и меѓународна потерница за Груби и Бајрами
-
Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Брисел
-
10 години Брза Кујна | Никола Мишковски и Сања Савеска | ПРОфесија | Sitel Podcast 075
-
Груби недостапен, Судот му одреди 30 дена притвор
-
МВР поднесе кривични пријави против поранешен директор на Градски трговски центар - Скопје и тројца вработени
-
Кривични пријави за Груби, Ковачевски, Прпарим и уште пет лица
-
Театрите и Филхармонијата со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024
-
Расчистено убиство во обид во Скопје, поднесена кривична пријава против две лица