Потресна исповед: Родив бебе од 500 грама, лекарите сакаа живо да го закопаат!
Иако по породувањето бебео мрдало со рачињата и ножињата, еден час подоцна докторката рекла дека бебето е мртво.
-Ви ја спасив ќерката, ама на бебето му немаше спас, и рекла на мајка ми, која беше покрај мене. Плачев како дожд. Сите соништа ми паднаа во вода. Чувството за загуба беше неподносливо, вели мајката Сузана.
Малку поголемо од дланка
Сузана Ѓорѓевиќ (27) тоја 21 јуни во петтиот месец од бременоста родила девојче малку поголемо од дланка и тешко само половина килограм, а во болницата во Смедерево, како што тврди, лекарите без целосно да ја проверат состојбата на беебто, го прогласиле за мртво кратко по раѓањето.
Четири часа подоцна и натаму плачев и бил огорчена. И тогаш дојде нашата докторка и рече дека се случило чудо и дека бебето сепак е живо. Тој шок, среќа, неверување но и бесот што ги почувствував не можат да се опишат со зборови. Од една страна бев среќна што бебето е добро, а од друга страна чувствував горчина на медицинскиот персонал кој така си поигруваше со еден млад живот.
Предлагале киретажа
-Бременоста беше без проблем се до тој ден кога ми пукна воденикот. Во болницата дојдов во 6.30 часот наутро, а докторката иако крварев, ме прегледа дури по четири часа. Седев со болки во чекалната, и кога докторката конечно ме прегледа, предложи да се направи киретажа. Сепак ме породија по природен пат.
Сузана открива дека малечката Милица по чиста случајност останала жива.
-Подоцна од една медицинска сестра дознав како ја спасиле. Сестрата поминувал низ ходникот покрај просторијата каде ги сместуваат мртвите бебиња и случајно видела како моето девојче го мрда рачето. Дошла кај неа, ја завиткала и го отворила прозорецот. Бебето почнало да дише!
Весела и здрава
Веднаш потоа ја ставиле во инкубатор и со итна помош ја префрлиле на Универзитетската детска клиника во Белград, каде бебето престојуваше четири месеци.
-Денес мојата ќерка има пет месеци и 3.600 грама, весела е, убава и здрава. Кога ќе помислам колку лесно би можело да останам без неа, ми се стега срцето. Отидов кај лекарите верувајќи дека како и сите, ќе ми помогнат, а тие грубо си поигруваа со нашите животи, раскажува мајката додека во раце го држи своето чедо, смеејќи се заедно, несвесно дека нејзиниот живот е спасен на чуден начин
Ново на Сител
-
Груби недостапен, Судот му одреди 30 дена притвор
-
МВР поднесе кривични пријави против поранешен директор на Градски трговски центар - Скопје и тројца вработени
-
Кривични пријави за Груби, Ковачевски, Прпарим и уште пет лица
-
Театрите и Филхармонијата со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024
-
Расчистено убиство во обид во Скопје, поднесена кривична пријава против две лица
-
Рокас за случајот со Државна лотарија: Да оставиме правдата да зборува сама за себе
-
Лишени од слобода три лица, физички нападнале 26-годишник пред угостителски објект во скопскиот Градски парк
-
Челзи и Мудрик ќе соработуваат за да се утврди причината за позитивниот допинг тест на фудбалерот