Спирѕис: Инфраструктурата може да ги ублажи проблемите што постојат и во поважните прашања
Улогата на инфраструктурата и транспортот е особено важна за ублажување и на проблемите што постојат во поважни прашања, вели министерот за транспорт и врски на Грција Христос Спирѕис, по свеченото отворање на автопатот Демир Капија – Смоквица.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Спирѕис смета дека станува збор за „автопат на пријателството“ меѓу двете земји што го олеснува трговскиот транспорт, но и ги доближува двата народa, „бидејќи транспортот и инфраструктурата играат своја улога во стабилноста и пријателството на народите на Балканот“.
- Овде сме за да ја продолжиме соработката и за комбинираниот транспорт и за железницата, за низа заеднички активности што можеме да ги имаме со народот од поранешната југословенска Република Македонија и со останатите балкански народи. Имаме многу теми за разговор околу надлежностите на министерството. Да споменеме дека на овој автопат работеа грчки компании и за проучувањето и за изградбата, многу е важно пријателството меѓу двата народи да оди напред. Улогата на инфраструктурата и транспортот е посебна за да ги ублажиме и проблемите што постојат во поважните прашања, рекол Спирѕис во изјава за грчките новинари присутни на свеченото пуштање во употреба на делницата Демир Капија – Смоквица.
Ново на Сител
-
Дождот добредојден за земјоделството, се препорачува примена на агротехнички и превентивни мерки
-
Почина малолетник во сообраќајна несреќа на патот Куманово - Крива Паланка
-
Влада: Приоритет е подобрувањето на здравствениот систем, здравствената заштита, услугите за пациентите
-
Раководството на Реал Мадрид незадоволно од настапите на тимот
-
Вавринка со историско достигнување
-
В недела локални избори во Босна и Херцеговина
-
ПСЖ ќе се обиде да го привлече Салах со тригодишен договор
-
Мицкоски, Агелер и Мисајловски на методско-показна вежба на „Криволак“