Спасовски се сретна со претставникот за слобода на медиумите на ОБСЕ
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше средба со претставникот за слобода на медиумите на ОБСЕ Арлем Дезир, на која било истакнато дека медиумите се меѓу најважните столбови на едно демократско општество и затоа мора да се преземат сите неопходни мерки за новинарите да се чувствуваат безбедни и слободни да ја извршуваат својата работа.
Како што соопшти МВР, министерот Спасовски ја потенцира соработката на Министерството за внатрешни работи со здруженијата на новинарите и партнерскиот однос со новинарите и нивните здруженија со цел полесно да се решаваат евентуалните проблеми во иднина. Тој ја потенцира посветеноста на МВР за расчистување до крај на сите случаи со напади врз новинари кои се случија во минатото.
Спасовски го запознал Дезир со реформите во МВР и мерките кои се преземаат за целосно да се врати довербата на граѓаните во полицијата.
- Двајцата соговорници се согласија за интензивирање на и досега добрата соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и ОБСЕ, се наведува во соопштението од МВР
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов марш на ангелите, родителите го повикаа Мицкоски во Кочани
-
За изборот на новиот папа, Тема на денот со Кирил Стојанов, новинар
-
Поддршка за Стерјовски пред утрешните парламентарни избори во Албанија
-
ВМРО-ДПМНЕ со партиски кандидат ќе настапи на локалните избори за Град Скопје
-
Ахмети: Без хармонија меѓу заедниците, државата нема иднина
-
Патоказ за малцински прашања како можем компромис за спорот со Бугарија
-
Тошковски: Полицијата прибира докази за пожарот во „Пулс“