Македонија
11. May 2025 - 16:28

Таравари дефинитивно излегува од Влада, Мицкоски му посака среќа и добро здравје

Таравари дефинитивно излегува од владата, Мицкоски му посака среќа и добро здравје. Следната недела ќе го покани на проштална средба. И премиерот е изненаден од одлуката на Таравари, да се врати, како што вели, во прегратките на ДУИ.

-Морам да кажам дека најмалку што очекував е да се врати назад во прегратките на Али Ахмети и останатите, но тоа е сепак негова одлука и убеден сум одлука на малкумина и дека тоа не е одлука на членството на Алијанса на Албанците и на голем дел на луѓето кои се дел од оваа Влада. Чесно и доблесно беше самиот тоа да го направи да не ја влече Владата за нос и граѓаните, но ете полеска, но сигурно станува јасно дека тој се враќа назад во прегратката на сите оние кои повеќе од 2 децении ја пустошеа, криминалиизраа и ограбуваа и ја фрлија Македонија на колена“, рече Мицкоски.

Мицкоски не одговори дали чекорот на Таравари ќе го следат сите 5мина пратеници и високи функционери од крилото на Алијанса, но вели дека и без нив мнозинството е стабилно.

Дека на Алијанса ќе и биде подобро во опозиција вчера вечер порача и самиот Тараври при отворањето на нов партиски штаб во Скопје, потврдувајќи дека довербата во владината коалиција е мизерна.

Сепак Таравари целосно ја отфрли можноста Алијанса да стане дел од Европскиот фронт на ДУИ и останува на ставот дека на претстојните избори ќе настапат во свои советнички листи.

Покрај со Мицкоски, Таравари следната недела ќе се сретне и со лидерот на СДСМ Венко Филипче, но без детали дали од оваа средба може да произлезе нова соработка за локалните избори.