Македонија
10. May 2025 - 16:42

Ахмети: Без хармонија меѓу заедниците, државата нема иднина

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети од Струга порача дека без хармонија меѓу македонците и албанците, оваа држава нема иднина. 

Тој го поздрави, како што вели, излегувањето на Таравари од Владата, и ги повика и другите да го следат примерот.

Ахмети вели дека тие се за двојни избори наесен, но за тоа вели дека ќе треба да се постигне политички договор.