Македонија
9. July 2019 - 8:55

Спасовски на јавно уништување на запленети наркотици и оружје во Кавадарци

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе присуствува на јавното уништување на запленети наркотични дроги и оружје во кругот на фабриката „Еуроникел Индустри ДОО“ во Кавадарци.

Уништувањето ќе се изврши во организација на Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за управување со одземен имот и Државната комисија за уништување на наркотични дроги.