Македонија
2. November 2024 - 16:39

Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново

Полицијата уапси еден од напаѓачите кои усмртија едно лице во Арачиново и го ранија неговиот син. Со прострелни рани 50 годишниот маж и неговиот 19 годишен син биле пренесени во ургентниот центар каде таткото им подлегнал на повредите. За пукањето е осомничено уште едно лице кое е во бегство.

Вооружениот напад врз таткото и 19 годишниот син наводно бил поради паричен долг.

По синоќешното пукање истрага води обвинителството.

Се преземаат сите дејствија за расчистување на настанот. Од лице место се подигнати траги и материјални докази, обезбедени се и се прегледуваат снимки од видео надзор, на телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Од ургентниот центар информираат дека на момчето му е направена операција и тој во моментов е на КАРИЛ во стабилна состојба.