-->
-->
Спасовски: Интеграцијата во НАТО и ЕУ е стратешка определба на Македонија уште од 1991
-->
Министерот за внатрешни работи и генерален секретар на СДСМ Оливер Спасовски денеска оствари средба со пензионерите од здруженијата на старосни и пензионери-инвалиди на трудот од Крива Паланка на која посочи дека претстојната недела е клучна за Македонија, секој да поразговара со блиските и соседите и да им каже зошто е важно, како што рече, да се излезе на референдумот, како во 1991 година, и да гласа согласно сопствените убедувања, „за“ или „против“.
- Интеграцијата во НАТО и ЕУ е стратешка определба на Македонија уште од 1991 година, а тогашните лидери кои ја воделе државата биле визионери и знаеле дека не можеме сами ккао народ и држава од 2 милиони жители, туку мора да се интегрираме и да имаме кој да застане зад нашиет интереси. Вие се сеќавате подобро за референдумот во 1991 година, и тогаш имаше голема дебата, дали треба или не, вакво или онакво било прашањето, меѓутоа тоа беше круцијален момент да се изјасниме дали сакаме назависна и суверена Македонија, а сега е моментот да се изјасниме дали сакаме интегрирана Македонија во НАТО и ЕУ, рече Спасовски.
Меѓународната подршка е посилна од кога и да е, според Спасовски, а дел од најмоќните лидери од Европа и светот ја посетија Македонија.
Посочи дека во Македонија се вкрстуваат и минуваат многу важни патни правци, има одлична геостратешка положба, па поради тоа, ни е важна меѓународната подршка, но и на Европа и значи нашата интеграција во големите семејства на ЕУ и НАТО.
Спасовски при посетата на Крива Паланка и Кривопаланечко оствари средби со младите во центарот на градот, а попладнево предвидени се средби во населба Маневци и село Конопница
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници