-->
-->
СП атлетика: Гетлин „златен“, бронза за Болт
-->
Американецот Џастин Гетлин победи на трката на 100 метри на Светското првенство во атлетика што се одржува во Лондон. Тој синоќа на крајот од програмата од вториот ден успеа да го победи повеќекратниот светски и олимписки шампион Усеин Болт, која ја трчаше својата последна трка на 100 метри на светските првенства. Гетлин „стотката“ за златен медал ја истрча за 9.92 секунди со најдобро негово време сезонава. Среброто му припадна на неговиот сонародник Кристијан Колман - 9.94, а Болт освои бронза со време 9.95.
Во дисциплината скок во далечина победи Луво Манионга од Јужна Африка со скок со должина од 8.48 метри или само четири сантиметри подолг од Американецот Џерион Ловсон - 8.44. Бронзата му припадна на Рушал Самај од Јужна Африка - 8.32 метри.
Во фрлање диск светски првак стана Андриус Гуджиус од Литванија со личен рекорд од 69.21 метри или за само два сантиметри имаше подобар резултат од Даниел стал од Шведска - 69.19 метри. Трет заврши Американецот Мејсон Финли - 68.03 метри.
Во трката на 10.000 кај жените првите две места им припаднаа на атлетичарките од Етиопија. Злато освои Алмас Ајана со време 30:16.32 минути, а сребро Тирнеш Дибаба - 31:02.69 минути, додека трета на целта стигна Агнес Тироп од Кенија со време - 31: 03.50 минути.
Денеска на програмата се четири финални дисциплни како и двете маратонски трки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите