Состанок на македонско-бугарската комисија во Скопје - детали не се откриваат
Македонско-бугарската историска комисија денеска и утре одржува нова работна средба во Скопје, потврдуваат извори од Комисијата. Сепак, тие не откриваат каде се одржуваат состаноците меѓу македонските и бугарски историчари, и кои историски личности или настани се тема на разговорите.
Ова е е втора тајна средба што ја одржува Комсијата, по онаа кон крајот на октомври во Софија. Од нејзиното основање во 2017 година историчарите се до пред два месеци не ја криеја својата работа. Во септември бугарксотот МНР препорача воздржаност од коментари и соопштенија поврзани со работата на комисијата за историски и образовни прашања. Се претпоставува дека оваа препорака била испратена и до македонското Министерство за надворешни работи. Неодмана комисија доби и секретаријат составен од асистенти и историчари што треба да и помагаат во нејзината работа.
Досега оваа комисија ги усогласи препораките за заедничко одбележување на Св. Кирил и Методиј, Св. Наум Охридски, Св. Климент Охридски и цар Самоил, како и пет препораки за учебниците по историја за петти клас во Бугарија и за шесто одделение во Македонија што се однесуваат на периодот на антиката. Се усогласуваат отворените прашања за Охридската архиепископија, за Гоце Делчев, за Илинденското востание.
Ново на Сител
-
Протести во Ореовец
-
Почнаа дебатите за реформи на Судскиот совет, конечно решение се очекува до крајот на декември
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија