Македонија
18. January 2018 - 13:30

Сопружници брутално нападнати и претепани на раскрсница во Бутел

Вчера Р.И. (52) пријавила дека на претходниот ден околу 15.00 часот на крстосница од ул. „Мелничка“ со ул. „Бутелски Венец“, во Скопје, таа и нејзиниот сопруг С.И. биле физички нападнати од непознато лице.

Напаѓачот со возило им го попречил патот. С.И. излегол од неговото возило и побарал лицето да го тргне возилото за да помине.

Без да каже ништо, лицето најпрво со спреј со непозната содржина го испрскал неколку пати во пределот

на очите, а потоа почнал да го удира со клоци и тупаници во пределот на телото и главата. Р.И. излегла од возилото со намера да го одбрани својот сопруг, а напаѓачот и неа ја нападнал со тупаници во пределот на главата, а истовремено и неа ја испрскал со спрејот во пределот на лицето.

После тоа, напаѓачот со неговото возило побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.