Македонија
20. November 2023 - 11:34

Сообраќајна несреќа во Аеродром, возило се преврте на кров | ФОТО

Во скопски Аеродром возило се преврте на новата раскрсница пред воениот базен, во близина на Основното училиште „Љубен Лапе“.

Засега нема информации за евентуални жртви или повредени, но на социјалната мрежа Фејсбук веќе се појавија фотографии од стравичната несреќа.

Како што може да се види, во несреќата учествувале две возила, „рено меган“ кое има само помала материјална штета и уште едно возило кое е превртено на кровот.

Во моментот екипи на МВР вршат увид на местото на несреќата, повеќе детали се очекуваат во текот на денот.