Сообраќајна несреќа: Велосипедист го загубил животот - две лица со тешки повреди!
Викендот на подрачјето на Град Скопје се случиле 32 сообраќајни незгоди, информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР - Скопје.
На 08 јули - петок сообраќајната полиција извршила увид на девет сообраќајни незгоди, од кои пет се со последица материјална штета, а во четири со полесни повреди се здобиле четири лица.
Во сабота - 09 јули, извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди. Три од сообраќајките се со последица материјална штета, додека во шест со полесни повреди се здобиле седум лица.
Се случиле и две незгоди во кои со тешки телесни повреди се здобиле две лица.
Како што информира Вељаноски, се случила и една сообраќајка во која велосипедист го загубил животот.
На 10 јули - недела извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди, во кои со полесни повреди се здобиле 10 лица. Се случиле и две незгоди во кои со тешки телесни повреди се здобиле две лица.
Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција, откриени биле и поголем број прекршоци.
Вељаноски посочи дека се санкционирани 26 возачи кои со возилата се движеле со брзина поголема од дозволената, 10 возачи ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека осум возачи поминале на црвено светло на семафорите, четворица возачи почетници сториле прекршоци по разни основи, а затекнати се и 18 возачи кои за време на управување на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл не го носеле заштитниот шлем.
Со помош на специјалното возило пајак отстранети се 30 возила.
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска