Сообраќајка меѓу три возила во Кратовско, тешко повреден еден од возачите
На 26.01.2024 во 17.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат кај с.Кетеново-кратовско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „тојота“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(39) од Кратово, патничко моторно возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(40) од Скопје и патничко моторно возило „голф“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(22) од Пробиштип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил совозачот од возилото „голф“ Б.М.(36) од Пробиштип, констатирани во Клиничката болница Штип, а со телесни повреди се здобиле Д.Н. и нејзините сопатници Н.Ѓ.(73), С.Н.(61) двајцата од Кратово и Д.З.(49) од Скопје констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кратово, соопшти МВР.
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека