Македонија
29. December 2023 - 8:01

Сончево и топло со максимална температура до 17 степени

Времето денеска ќе биде сончево, претежно тивко и релативно топло со мала локална облачност. По одделни котлини ќе има појава на магла, која во текот на денот ќе слабее. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени, соопшти УХМР.

Во Скопје магливо и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 10 степени.

До понеделник продолжува периодот на стабилно и релативно топло време. Во најголем дел од земјава ќе биде претежно сончево, освен во сабота кога облачноста ќе се зголеми. По котлините и понатаму ќе има појава на магла со променлив интензитет.