Социјален експеримент предизвика критики за германскиот безбедносен систем
Социјалните експеримент спроведен од Данецот, познат под псевдонимот Влад Тепеш, предизвика масовни критики за системот за контрола на германските граници и работата на безбедносните служби, јави дописникот на МИА од Берлин.
Данецот, кој објавува снимки од своите „авантури“ на видео сервисот „Јутјуб“, покажа колку лесно потенцијалните терористи можат да ја минат германската граница.
Со своето видео на кое маскиран човек со знаме на групата Исламска држава (ИД) ја минува данско-германската граница, тој убеди дел од јавноста во Германија дека границите се непостоечки и покрај тоа што од почетокот на ланската бегалска криза беа воведени вонредни мерки за гранична контрола.
На видеото, поставено веднаш по нападот во Берлин минатиот понеделник и бегството на Анис Амри, се гледа како Влад Тепеш со развиорено знаме на ИД ја минува границата среде бел ден, а на контролната точка нема присутни гранични полицајци.
Во пораката под видеото ток напиша: „Дански граѓанин облечен во униформа на ИД, лажно оружје и знаме, покажува колку е патетична границата меѓу Германија и Данска“.
Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мазиер вчера изјави дека Германија ќе ги продолжи граничните контроли, а канцеларката Абгела Меркел најави дека побарала темелна ревизија на германските служби за безбедност.
Ново на Сител
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ
-
Лајчак: Искористете ја шансата за влез во ЕУ, да не останете запоставени
-
ОЈО побара притвор за 9 од вкупно 23 осомничени во акцијата ,,Адитив''
-
Храната поскапува - Власта уверува дека цените ќе паднат со новогодишната кошница
-
Реставрација на споменици на културата