Собранието треба да ја продолжи 67. седница
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 67. седница на која има повеќе законски решенија во прво читање. Пратениците треба да ги разгледаат измените и дополнувањата на Законот за катастар на недвижности, на Законот за процена, на Законот за медијација, на Законот за вештачење, на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители...
На дневен ред се и измените и дополнувањата на Законот за постапување по претставки и предлози, на Законот за електронско управување, на Законот за електронските комуникации, на Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, на Законот за инспекциски надзор, на Законот за управната инспекција, на Законот за ловството, на Законот за рибарство и аквакултура, сите во прво читање...
На седницата треба да се расправа и по Предлог - законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година, по скратена постапка, како и по неколку законски решенија поднесени од пратениците од опозициските партии.
Ново на Сител
-
До две илјади денари заштеда од храна без ДДВ, предлага СДСМ
-
Комората бара заемот од Унгарија што поскоро да стигне до бизнисот
-
Тошковски најави нови интересни случаи поврзани со групата „Грчец“ и организираниот криминал
-
Ден на ромскиот јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: 0% ДДВ на храната
-
Владата останува посветена на борбата против корупцијата
-
Македонија подготвува нов пакет помош за Украина