Собранието ја почна 136 седница и работеше на продолженија на четири седници
Собранието попладнево ја започна 136. седница, а потоа пратениците гласаа за повеќе закони од 129., 131., 103. и 111. седница.
Во рамки на 136.седница е изгласана потребата за носење на предлог - закони по скратена постапка, меѓу кои и задолжувањата со заем на Програмата за одржливост и отпорност, за финансирање на Вториот проект за унапредување на социјалните услуги, како и за Предлогот за финансиска поддршка за социјално ранливи категории на граѓани.
Со новиот предлог за финансиска поддршка за социјално ранливи категории на граѓани, кој е изготвен заедно со Министерството за образование и наука, заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусеин, информираше дека со мерките на финансиската поддршка опфатени се корисници на посебен додаток, корисници на право на надоместок заради попреченост, самохрани родители, корисници на гарантирана минимална помош, корисници на право на пензија во висина од 19.000 денари, ученици од основно и средно образование чии семејства имаат вкупно месечни приходи од нето плата до 50.000 денари и студенти кои живеат надвор од местото на студирање.
Во продолжение донесени се закони од 129., 131., 103. и 111., меѓу кои и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за ревизија на инструментот за претпристапна помош, Предлог на законот за гаранција на земјава на обврските по Договорот за заем кој ќе се склучи меѓу Француската агенција за развој и Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје, за заем на Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје за финансирање на зелени и општествено одговорни инвестиции, Предлог на закон за задолжување на државата со заем кај Европската инвестициона банка по Финансискиот договор за Железничкиот коридор VIII - источна делница МК, делница Крива Паланка - граница меѓу Северна Македонија и Бугарија, како и Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка по Договорот за заем за развојни политики за одржливост и отпорност.
Ново на Сител
-
Одложен е тендерот на кој ЕСМ требаше да понуди цена по која ќе му продава струја на ЕВН
-
Тема на денот со поранешните конгресмени Дејвид Хагс и Бил Флорес
-
Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци
-
Кумашини на Ѓорчевски први ги поврзале исчезнувањата на Вања и Панче
-
Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката
-
Втор ден комисиска расправа за буџетот - За власта развоен, за опозицијата погубен
-
Заврши рокот за докомплетирање на документации: Локална самоуправа ќе открие која Општина за што добила пари
-
Претходното раководство на Пошта од централниот објект сакало да направи кабаре