Собрание: Од претпазливост Зибери гласаше од кабина
Пратеникот Зибери не бил на седница воопшто, тој не се чуствувал добро, истиот не е ни изолиран ниту тестиран за КОВИД-19, од колегијален аспект го информирал Собранието дека не се чуствува добро, велат од Собранието.
Оттука претседателот на Собранието по протокол на здравствена комисија што бил доставен преку препораките (во случај некој да се двоуми односно субјективно да сугерира дека не се чуствува добро) Собранието да биде подготвено со посебен простор за гласање.
На горниот кат постои кабина определена за таа намена, која била дезинфицирана, па пратеникот присуствувал само во моментот на гласање директно од кола се качил во лифт и во просторијата. По завршувањето на гласањето тој се вратил со лифтот директно во кола, немал контакт со никој. Лифтот по него не бил во функција до моментот на дезинфицирање.
Претседателот на Собранието Џафери целосно и доследно ги почитуваше протоколите дадени од Комисијата, дополнуваат од Собрание.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници