-->
-->
Со силна поддршка од трибините Вардар пред голем предизвик да го елиминира АПОЕЛ
-->
Македонскиот првак Вардар вечер од 20 часот на „Филип Втори“ во Скопје ќе го пречека АПОЕЛ од Кипар во еден од деветте реванш натпревари во 2.коло од квалификациите за Лигата на шампионите.
Фудбалерите на Вардар се пред голем предизвик, со добра игра и победа над кипарски АПОЕЛ да се пласира во следната рунда од квалификациите за ЛШ.
Се очекува најголемата спортска арена во Македонија да биде исполнета, што ќе биде мотив повеќе за „црвено-црните“ да остварат позитивен резултат.
- Не треба полниот стадион да биде притисок за нас, туку напротив, треба да даде мотиви плус. Притисок секогаш има кога се носи дресот на Вардар, па дури и на првенствените мечеви. И во македонското првенство се чувствува притисок, а да не зборуваме пред вакви големи натпреври како во Лигата на шампионите. Полн стадион треба да биде дополнителен мотив, а притисок ќе се чувствува. Особено оној притисок пред стартот на мечот. Велат дека тој притисок недостасува кога еден фудбалер ќе престане да игра фудбал, изјави Никола Глигоров кој смета дека шансите за поминување во следната фаза се 50:50.
Покрај натпреварот Вардар - Апоел денеска се игаат уште осим реванш средби од 2-то квалификациско коло:
Дила Гори – Партизан (0:1),
Пјуник – Молде (0:5),
Милсами Орхеи – Лудогорец (1:0),
Хелсинки – Вентспилс (3:1),
Макаби Тел Авив – Хибернијанс (1:2),
Линколн – Митјиланд (0:1),
Жалгирис – Малме (0:0) и
Крусајдерс – Скендербег (1:4).
Преостанатите осум реванши се закажани за утре.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од полноќ поскапуваат горивата
-
Најтопло во четврток, петок и сабота со температури до 39 степени
-
Струмичанец со тројца малолетници нападнале брачен пар во нивниот дом, го повредиле сопругот со остар предмет
-
Миле Јанакиески излегува од затвор
-
Петок пред Духовден, 21 јуни, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице
-
Нетанјаху ја распушти воената влада
-
Приведен криумчар на мигранти