Снимено убиството на полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо, во него испукани 150 куршуми
Полициски службеник во Мексико, вклучен во апсењето на синот на накобосот Хоакин „Ел Чапо“ Гузман е убиен на паркингот.
Убиството го снимиле камери во средата наутро и на видео снимките се гледаат двајца мажи со полуавтоматски пушки како излегуваат од црвен автомобил и пукаат во бел Нисан.
Заседата траела помалку од 30 секунди, но за кратко време напаѓачите успеле да го погодат белиот автомобил со најмалку 150 куршуми, објави Дејли Меил.Убиството се случило во трговски центар во Кулиакан, главен град на мексиканската држава Синаола.
Полицаецот убиен за време на тој напад, идентификуван како Едуардо Н. (32), припаѓал на елитната единица на државната полиција. Според извештаите на локалните медиуми, на 17 октомври офицерот учествувал во апсењето на Овидиј Гузман Лопез, син на Ел Чапо Гузман, шеф на нарко картелот.
Ново на Сител
-
Обвинителството ја проширува истрагата за смртта на Фросина
-
Владата ја промовираше развојната национална програма
-
Расте интересот за дуално образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка