Слаб снег кај Прилеп и Стража, забрана за тешки моторни возила на патот Тетово - Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Прилеп и на планинскиот премин Стража, информира Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Во сила е воведената забрана за движење на тешки моторни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка поради интензивни врнежи од снег. Се препорачува задолжителна употреба на зимска опрема за лесни моторни возила и автобуси на истиот патен правец.
Од АМСМ потсетуваат на законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.
Препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-
Бугарскиот амбасадор повикан на разговор во МНР поради пробиениот протокол на средбата Силјановска - Радев
-
Навреди од ко-претседавачот
-
Комитетот утре влегува во М-НАВ, од нив зависи дали и Обвинителството ќе отвори истрага
-
Какви незаконски работења откриле контролите на Фондот за здравствено осигурување во ЈЗУ
-
Вреди: Без амин од ДУИ ниту една фирма не може да добие ниту еден денар
-
Ѓорѓиевски: Градоначалниците се недопирливи
-
Обид за убиство во Кочани - напаѓачот е фатен и приведен
-
Опожарени три автомобили во Расадник во скопска Кисела Вода