Скопјанка се обидела со туѓа лична карта да подигне кредит
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.И.(54) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама при добивање на кредит или друга погодност" по член 249 и „злоупотреба на лични податоци" по член 149 од Кривичниот законик.
На 04.11.2022 во финансиско друштва во Скопје, пријавената поднела документи за добивање кредит и притоа употребила лична карта на друго лице и се потпишала на апликацијата за кредит во име на другото лице на кое гласела личната карта.
Притоа, вработеното лице во финансиското друштво се посомневала во идентификацијата на пријавената и повикала полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал, кои по преземените мерки и активности и документирање на настанот изготвиле кривична пријава.
Ново на Сител
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Тема на денот со Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Сетек со роденденска понуда - Попусти до 60%
-
Преглед на вестите од светот
-
Потерници за Груби и Бајрами на сајтот на МВР
-
Политички реакции – Кој е виновен за бегството на Груби?
-
Предметите за висока корупција се чуваат долго, а најчесто завршуваат и на повторно судење