Скопјанец осомничен за една реализирана и една тешка кражба во обид
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против скопјанец кој е осомничен за „тешка кражба“ и за „тешка кражба во обид“.
Нему му е одреден притвор од осум дена, но од страна на надлежен јавен обвинител доставен е предлог за продолжување на притворот.
Осомничениот на 1 април на паркинг во Градскиот парк во Скопје, со употреба на тврд предмет насилно го скршил стаклото од задната лева врата на автомобил „ауди А6“ при што одзел актовка, лап-топ компјутер, надворешен хард диск, кожно палто, шушкавец, пасош и други предмети во вкупна вредност од 100 илјади денари.
На 7 октомври, на булеварот „ВМРО“, на сличен начин насилно го скршил задното лево стакло од паркиран автомобил „хјундаи“ со намера да го ограби, но бил забележан од случајни минувачи.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија најчесто се гласа партиски и етнички
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
ДЗСИ бара одговорност кај здравствените работници во Прилеп за смртта на близначињата
-
Со донации и анекси на договорите ќе се надминува недостигот на биолошка терапија на Онкологија
-
Македонија нема систем за справување ни со поплави, ни со пожари
-
Оглас за избор на претседател на Врховен суд
-
Се води истрага дали бегството на Артан Груби било организирано