Сител утре во живо со директен пренос од Богојавление - Водици во Скопје и Охрид
Во Охрид утре е централното одбележување на Водици со спуштање на светиот крст во водите на Охридското Езеро.
Во главниот град крстот ќе се спушта во водите на Вардар од мостот кај ГТЦ, поради што МВР утрово информираше дека утро од 08.00 часот па до завршување на активностите, во центарот на град Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул.„Филип Втори Македонски“, на потег од крстосница со бул.„Гоце Делчев“ до крстосница со ул.„11 Октомври“, во двете насоки. Во општина Ѓорче Петров од 08.00 часот за сообраќај ќе бидат затворени улиците околу црквата Св. Петар и Павле а ќе биде затворен и локалниот пат во Лисиче во општина Аеродром поради прославата во истоимената црква.
ЈСП информираше дека утре најголемиот дел од автобусите ќе возат според неделен возен ред а жичарницата на водно ќе работи во вообичаеното работно време од 10 до 17 часот.
Директен пренос од Скопје како и од Охрид може да гледата на програмата на ТВ Сител со почеток од 9.10 часот.
Ново на Сител
-
На скопската брза помош и треба итна помош за вработувања
-
Џеј Ди Венс: Најголемата закана за Европа доаѓа од внатре
-
Тема на денот со Тоше Зафиров, политиколог
-
Таравари бара во пакет со симболите да се решат и етнички прашања, за ВМРО-ДПМНЕ на маса е само промената на грбот
-
Стартува Минхенската конференција - Ќе донесе ли трајно решение за руско-украинската војна?
-
Голем интерес од банките за кредитите преку Развојната банка
-
Прва средба на Муцунски - Георгиев утре во Минхен
-
Правда ја почна постапката за разрешување на Коцевски