Македонија
13. February 2019 - 20:51

Сите загинати и повредени патници се од Гостивар

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, соопшти дека сите патници во автобусот кој падна во бездна, а потоа се преврте, се од Гостивар.

Автобусот патувал од Скопје за Гостивар, а се преврте во близина кај Карпалак.

Според последните информации 13 се загинати, седуммина биле починати на местото на несреќата, а другите починале подоцна на пат кон болница или по згрижување во болниците.

Меѓу повредените има во животно загрозувачка состојба.

Возачот на автобусот на компанијата Дурмо Турс е во добра здравствена состојба , но е во шок. Се очекува тој да помогне во расветлување на причините за оваа трагедија.