-->
-->
Сите го критикуваат Арсенал, се огласи и Рој Кин
-->
Рој Кин легендарниот Ирец, поранешен капитен на Манчестер Јунајтед, со своите коментари само го дотолчи Арсенал по синоќешниот дебакл во Минхен и поразот 5:1 од Баерн.
„А што очекувавте? Секако дека не сум изненаден! навистина очекувавте дека ваков тим ќе оди во Минхен и таму ќе забележи позитивен резултат“, рекол Кин.
„Говорев за нивните проблеми и во минатото. Недостаток на лидер, карактер, желба за победа, глад за играта…Тие едноставно не се доволно добри за ова ниво на Лигата на шампионите“, рекол Кин и дополнил:
„Мислам дека не треба многу да ги критикувате бидејќи тие едноставно не се доволно добри. Па во целиот тим има само двајца пристојни фудбалери. Сите останати се просечни“.
Потоа Рој кин „удри“ и по капитенот.
„Кога ќе го видам Кирон Гибс со капитенската лента, јасно ми е какви проблеми има Арсенал“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?