Свет
18. March 2016 - 10:31

Синот на Доналд Трамп добил писмо со сомнителен бел прав

Синот на милијардерот Доналд Трамп, кој е претендент за кандидат на Републиканската партија за претседателските избори во САД, добил писмо со сомнителен бел прав, јави телевизијата Еј-Би-Си.

Писмото било доставено во станбен комплекс во централниот дел на Њујорк, каде живее 32-годишниот син на милијардерот.

Претставник на полицијата изјави за Еј-Би-Си дека „сомнителното писмо е одземено и оти тоа се истражува од безбедносните органи“.

Полицијата додаде дека „никој не настрадал во врска со овој инцидент“.