Синдикатот повторно ќе протестира на 1 Мај, до владата ќе испорачаат неколку барања
Нов закон за работни односи, к15 за сите работници и општ колективен договор за приватниот и јавен сектор. Ова се некои од барањата кои ССМ ќе ги презентира на првомајскиот синдикален марш кој ќе се одржи по неколку години пауза. Апелираат сите граѓани да им се приклучат. Синдикалците откриваат дека измени ќе бараат и во делот на договорите на определено време. Да се намали периодот од 5 на една година. Барањата веќе се доставени до Владата и до надлежните институции.
Независните синдикати први го најавија првомајскиот протест. Тогаш се пожалија дека ССМ и КСС го узурпирале правото на преговори со Владата. Димовски пак вели дека тие разговараат со сите синдикати и ги вклучуваат во барањата.
Сепак ССМ и Независните синдикати на 1ви мај ќе имаат различна маршута. Независните ќе тргнат од пред МРТ додека ССМ ќе стартува од пред седиштето. Девете органзизации ќе се сретнат пред Владата.
-
Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар