Бизнис
5. October 2018 - 19:35

Синдикатот и владата контра работодавачите - зголемување на границата за пензионирање не може да има

Синдикатот и Владата контра работоавачите. Зголемување на границата за пензионирање не може да има. Од синдикатот велат дека ги разбираат работодавачите што сакаат да ги задржат старите работници во недостиг на млади и квалификувани, но потсетуваат дека и сега кој сака може да работи до 67 години, а во некои професии тоа не е можно.

Бизнис конфедерацијата вчера најави предлог за зголемување на границата за пензинирање за една година. Образложението е дека за три години бројот на пензионери ќе надмине 330.000, а трошокот над милијарда евра што значи дупката во ПИОМ ќе расте. Од синдикатот пак велат дека во ПИОМ ќе има повеќе пари кога работодавачите ќе ги покачат платите и ќе ги исплаќаат сите надоместоци согласно закон.

На иста линија е и Министерствто за труд. Од таму велат дека не размислуваат за зголемување на старосната граница за пензионирање и тоа нема да биде дел од пензиската реформа. Анализите за реформата се во тек и она што можеме да го кажеме во овој момент е дека реформата опфаќа пакет мерки за стебилизирање на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, но во ниту една од нив не се однесува на покачување на старосната граница за пензионирање, соопшти Министертсвто за труд.