Силва го напушта Челси на крајот од сезоната
Бразилскиот фудбалер Тиаго Силва денеска соопшти дека ќе го напушти Челси на крајот на сезоната, објавено е денеска на клупската веб-страница. Силва (38) на тој начин по четири години ќе го напушти клубот во кој дојде летото 2020 година од Пари Сен Жермен.
Бразилецот во емотивна видео порака рече дека поминал прекрасни години во лондонскиот клуб, им се заблагодари на навивачите на „сините“ за поддршката за време на неговиот престој на „Стемфорд Бриџ“ и додаде дека му е многу тешко што ќе игра на друго место следната сезона.
Бразилецот ја освои Лигата на шампионите со Челси во 2021 година, а истата година го освои и Светското клупско првенство и Суперкупот на Европа. За „сините“ одигра 151 натпревар во сите натпреварувања и постигна девет гола.
Во исклучително богатата играчка кариера, Тиаго Силва пред Челси настапуваше за Пари Сен Жермен, Милан, Флуминенсе, Хувентуд и Динамо Москва.
Ново на Сител
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување
-
Преглед на вестите од светот
-
Избори во Хрватска – Милановиќ фаворит за втор мандат
-
Teма на денот со Благојче Атанасовски, политиколог
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија