„Шубертова вечер“ со пијанистката Марија Ѓошевска
Во малата сала на Македонската филхармонија вечер ќе се одржи рецитал на истакнатата пијанистка Марија Ѓошевска.
Концертот е насловен „Шубертова вечер“, а ќе бидат изведени „Фантазија - импромпти“ од Фредерик Шопен, на која како гостин ќе учестува ученикот Матеј Коруноски кој е четврта година во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, како и Соната - фантазија, бр.18 и Шест музички моменти од Франц Шуберт.
Марија Ѓошевска е еден од најистакнатите пијанисти во Република Македонија. Музичкото образование го започнува во основното музичко училиште „Владимир Арсовски“ во Неготино. Средното музичко училиште го завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, во класата на проф. Снежана Анастасова-Чадиковска (1998), а дипломира (2002), магистрира (2004) и докторира (2009) на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на истакнатиот пијанист и педагог, проф. Борис Романов.
Добитничка е на повеќе награди и признанија на голем број државни и меѓународни натпревари. Како солист и камерен музичар настапува на повеќе реномирани меѓународни фестивали. Репертоарот на Марија Ѓошевска опфаќа голем број дела од барок до современа музика. Созревањето на Марија Ѓошевска во музичар со врвни перформанси се отчитува и во нејзините чести ангажмани како камерен музичар и пијано - соработник со истакнати инструменталисти.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите
-
Седуммесечно бебе паднало од импровизиран кревет
-
Центар за рангирање на светски универзитети: УКИМ година дена не бележи никаков напредок