Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
Распуштањето на судскиот совет не е добар идеја, вели првиот човек на судскиот совет во неделното интервју за Радио Слободна Европа. Според него, наместо колективна, ќе мора да се бара индивидувална одговорност
Премиерот во повеќе наврати потенцираше дека доколку не добие идеја како да се врати довербата во правосудниот систем, распупштањето на судскиот совет и советот на јавни обвинители ги гледа како единствено решение. Спикерот Гаши уште пред Нова Година најави дека Собранието ќе почне постапка за разрешување на 5 члена на судскиот совет но до овој момент, постапката се уште не стартувала. Според информациите, се уште траат консултациите со експерти внатре во Собранието а се најавува консултација и на Уставниот суд.
Првиот човек на судски смета дека Собранието не може да разрешува членови на судскиот совет
Во меѓувреме Владата работи на законски реформи. Минситерот за правда веќе информираше дека формирал работни групи кои треба да излезат со предлог за измени на Кривичнио законик и на Законот за Судскиот совет.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар