Штипската болница веќе 6 часа се снабдува со струја од агрегат
Штипската Клиничка болница во моментов се снабдува со струја од агрегат, бидејќи околу 15 часот при изведување на градежните активности на новиот влез на болницата скинат е средно напонски кабел, потврди за МИА вечерва директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев. Тој истакна дека пациентите кои се критични и се хоспитализарни во болницата или доколку се потребни итни интервенции на пациенти не се загрозени, бидејќи струја има за апаратите и салите.
-Информирани се сите болници и регионални центри во источниот регион, доколку имаат пациенти кои се критични да се прифаќаат во болницата во Кочани или да се транспортираат во Скопје. Пред половина час пристигна екипа на ЕВН и работи на санација на кабелот, вели Захариев.
Според првичните информации се очекува проблемот со струјата да се реши околу полноќ. Захариев додава дека нема потреба од паника или стравување, бидејќи се приклучени на агрегат и се работи на решавање на проблемот.
Ново на Сител
-
Трет ден „Депонијада“ во Кочани
-
Европската комисија го објави Извештајот за напредокот во интеграциите, владата на Мицкоски ветува реформи
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-
ВО ЖИВО: Извештај на ЕУ за Македонија
-
Мицкоски: Не сме ние наивни како Ковачевски и Османи
-
СДСМ бара комисиска седница за новиот директор на АНБ
-
Во тек се консултации за нови членови на Комисијата за помилување
-
Уставен не поведе иницијатива за Законите за Бехтел и Енка