„Штип и Париз преку фреквенцијата на уметноста“ пред француската публика
Ангеле Михајловски, пијанист од Музичката акедмија при универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, и Драган Ристов со своите цртежи, викендов ќе се претстват пред гостите во Амбасадата на Македонија во Париз.
Културно-уметничкиот настан го носи слоганот „Штип и Париз преку фреквенцијата на уметноста“, кој е поддржан и од Министерството за култура.
Драган Ристов на денешната прес-конференција истакна дека на изложбата ќе се претстави со 13 цртежи со молив, која е насловена „Сенки“.
- Станува збор за проект кој фианнсиски е поддржан од Министерството за култура. Се надеваме дека двајцата достојно ќе го претставиме Штип и културата и уметноста што се практикува овде. Имајќи во предвид дека на присутните во Македонската амбасада нема да им се претставиме лично ние самите, туку и на некој начин и Штип, рече Ристов.
Пијанистот Ангеле Михајловски информираше дека ќе има едночасовен концерт и пред публиката ќе се престави со три сонати за соло-пијано од три различни композитори. Во рамки на културно-уметничкиот настан „Штип и Париз преку фреквенцијата на уметноста“ со најновите изданија на книги ќе се престави и Библиотеката „Гоце Делчев“ од Штип.
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек