Шпанија потврди ќе му даде азил на лидерот на венецуелската опозиција
Официјален Мадрид соопшти дека ќе му додели политички азил на лидерот на венецуелската опозиција, Едмундо Гонзалез Урутија, кој замина во егзил во Шпанија по месец дена криење во таа јужноамериканска земја, пренесува Радио Слободна Европа.
Гонзалез Урутија, кој го оспорува повторниот избор на претседателот Николас Мадуро, на 28 јули ја напушти Венецуела откако игнорираше три последователни повици да се појави пред обвинителите, тврдејќи дека учеството на сослушувањето можеше да го доведе во опасност.
Шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес денеска наведе дека Гонзалез Урутија побарал политички азил во Шпанија и дека земјата „очигледно“ ќе му го даде.
Претходно, на мрежата Икс, Албарес потврди дека опозицискиот челник патувал со шпански воен авион, додавајќи дека Шпанија е „посветена на политичките права“ на сите Венецуелци.
Каракас соопшти дека се согласил со негово безбедено заминување. Венецуела е во политичка криза од јули кога властите го прогласија Мадуро за победник на изборите.
Опозицијата тврди дека има докази дека Гонзалез Урутија победи со значителна разлика.
Многу нации, вклучувајќи ги Соединетите Американски Држави, Европската Унија и неколку земји од Латинска Америка, одбија да го признаат Мадуро за победник доколку официјален Каракас не ги објави деталните податоци за гласањето.
Ново на Сител
-
Зголемена потреба од психолошка поддршка во училиштата
-
Технички неисправен автобус возел 77 македонски патници во Будимпешта – Агенцијата вели дека изнајмила исправно возило
-
Крива Река загадена со цијанид и олово – општината ќе бара кривична одговорност
-
Рокас: Македонија доцни со реформи во правосудството, следиме се што се случува
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Презентирани активностите од Реформската агенда
-
Се чешлаат објектите во Охрид
-
Осум студенти од УГД загинаа во трагичниот настан во Кочани